Friday, November 18, 2011

Леандро Дамиао нов напаѓач на Милан?

Напаѓачот на Интернасионал, Леандро Дамиао е на мета на италијанскиот шампион, Милан чии претставници се веќе во Бразил и разговараат за трансфер на бразилецот во Милан. Шампионот на Италија очекува во наредниве денови да добие ново засилување во нападот.

"Росонерите" го најдоа своето засилување, во Бразил. Во прашање е напаѓачот на Интернасионал, Леандро Дамиао. Мино Раиола им откри на медиумите дека се наоѓа во Бразил каде завршува одредена работа за Милан.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Раиола отпатувал до Бразил за да ги заврши преговорите за фудбалерот на Интернасионал.

Тој настапува во репрезентацијата на Бразил. Има 22 години и на 22 натпревари во шампионатот на Бразил има постигнато 13 голови.

No comments:

Post a Comment