Friday, November 18, 2011

Марко Бориело се враќа во Милан?

Милан повторно покажува интерес за напаѓачот на Рома, односно поранешниот играч на росонерите, Марко Бориело. Милан е спремен да го вклучи во трансферот и Даниеле Бонера, кажува Eurosport.

Веќе одамна знаеме дека шампионот на Италија, Милан бара засилување во нападот, поради отсуството на Антонио Касано, кој во овие моменти тој се опоравува од операцијата на срцето, а како идеална замена за него во Милан би бил поранешниот играч на росонерите.

Марко Бориело кој има 29 години е производ на младинската академија на Милан, но после доаѓањето на Робињо и Ибрахимовиќ, тој си замина од Сан Сиро и се пресели во редовите на Рома.

Рома, која сака да ја засили одбраната по повредата на коленото на Бурдисо, која ја заработи минатата недела, па тие како соодветна замена виделе во Бонера.

Даниеле Бонера во Милан пристигна во 2006 година, а поголемиот дел од времето го поминува на клупата.



No comments:

Post a Comment