Friday, November 18, 2011

Стеван Јоветиќ нема да игра против Милан?

После паузата за репрезентативните дуели, Серија А продолжува, а во сабота Фиорентина го дочекува италијанскиот шампион, Милан. Милан има 5 победи во низа.

Во екипата на Милан сите играчи се спремни за овој натпревар, освен Метју Фламини кој е повреден и Џенаро Гатузо кој сеуште има проблеми со очите.

Александре Пато се врати од повредата и е спремен за овој натпревар. Тој одамна почна да тренира со екипата и се очекува повторно да ги стави на мака "виолетовите".

Од другата страна, за домаќините има лоши вести. Еден од најдобрите играчи на Фиорентина, Стеван Јоветиќ, најверојатно ќе го пропушти натпреварот во сабота и тоа е голем хендикеп за новиот тренер на Фиорентина, Делија Роси.

Јоветиќ се врати од Црна Гора. Тој во бараж натпреварот против Чешка имаше една мала повреда на бутниот мускул.

No comments:

Post a Comment