
Фудбалскиот клуб Милан е основан на 16 декември 1899 од англичанецот Алфред Едвард, кој исто така е и првиот претседател на Милан. Клубот уште на почетокот се популаризира се повеќе и повеќе а тек на времето и се здобива со многу навивачи. Така “росонерите” се регистрираат во Италијанската фудбалска федерација, каде што подоцна се претвораат во еден од најуспешните тимови. Првиот натпревар е одигран на 11 Март 1900 против друг милански тим – Медиалано, натпревар во кој Милан остварува победа со 3-0. Првиот официјален натпревар на Милан е против тимот на Торино на 15 април 1900, но за жал резултатот е разочарувачки – 3:0 за тимот од истоимениот град. Успесите сосема наскоро доаѓаат и “росонерите” ја освојуваат својата прва титула токму во италијанското фудбалско првенство, 1901г. победувајќи ја Џеноа со 1-0. Следуваат трофеите во 1906г. и 1907г. со победи над Јувентус, Торино и Андреа Дури. Првиот натпревар меѓу “крвните непријатели” на Милан е одигран на 15 окромври 1908г. и завршиува со победа на Милан со 2-1. Ѕвездата на “росонерите” во тој период е Ренцо Де Веки, брилијантен талент од неговото време. Од 1916г. до 1919г. шампионатот во Италија, но и во другите големи европски земји е запрен поради настапувањето на Првата светска војна. Така во 1915г. и 1916г. првенството е заменето со турнир по име “Сојузен куп”, којшто е освоен повторно од страна на грандиозниот Милан. Така во 1929г. претседателот Пиетро Пиреа го отвара новиот стадион на тимот – “Сан Сиро”. Во периодот помеѓу двете светски војни Милан не ги живее своите блескави моменти и постигнува две трети места во 1938г. и 1941г. Меѓу другото, Милан го променува името по трет пат и веќе клубот е преименуван во “AC MILAN”, име кое го користи до ден денес. Во периодот на војните тимот е принуден да го промени името во “Милано”, но по крајот на војната повторно е вратено старото име – “Милан”. По овој период започнале многу реформи во Италијанската федерација, каде што една од основните е забраната за повеќе од 5 странци во секој тим. Така раководството на Милан презема бистар потег и ја користи многу подобро од оваа забрана, привлекувајќи го во своите редови шведското трио: Гунар Грен, Нордал Гунар и Албрехт Лидхолм. Tиe се појавуваат како спасители за Милан. Нордал станува најефикасниот напаѓач на црвено-црните со своите 210 гола во 257 натпревари. Грен и Лидхолм можат да бидат гордо прогласени за господари во средната линија на клубот. Шведското трио неоспорно одигра важна улога за добивањето на Скудетата во 1951, 1955, 1957, 1959. Исто така Милан стигнува и до финалето на Лигата на шампионите во 1958г. Сепак овој натпревар е загубен од Реал Мадрид во продолжението. На крајот на 50-тите уште три големи звези пристигнуваат во редовите на Милан. Тоа се Алтафини, Шифиано и Џани Ривера, кои биле купени за тогашните рекордини за 200 000 долари. Шеесеттите се покажуваат како златната ера за “росонерите”. Откако го освојува Скудетото во 1962, Милан се подготвува за освојување на првата титула им на европски план, која конечно доаѓа во 1963г. На тој натпревар го надиграват тимот на Еузебио – Бенфика. “Oрлите” поведуваат со гол токму на Еузебио, но благодарение на двата гола на Алтафини, Милан успеал да ја освои својата прва европска титула, која всушност се покажува како првата титула освоена воопшто од некој италијански тим. Тогашниот тренер Нерио Роко може да се пофали и со многу други ѕвезди во своите редови како што се: Чезаре Малдини, Греци и Трапатони. Во 1967 Милан го освоил и својата куп на Италија, откако во финалето ја добил Падова со 1-0. Во следната 1968 “росонерите” праваят дабл. Во таа наредна сезона доаѓа и втората титула во Европскиот Куп на Шампиони и тоа не против било кој, туку против силниот тим на Кројф – Ајакс. Предводени од Пртаи кој постигнал хет – трик и Џани Ривера, Милан владеат на сред Сантијаго Бернабеу (местото на одигрување на финалниот натпревар). Исто така, треба да се напоменат и другите ѕвезди на Милан како Шнелингер и Сормани. Да не заборавиме, Џани Ривера бил награден со златната топка станувајќи првиот Италијанец со такво признание. Истата година подоцна, Милан се спротивстават на Естудиантес во борбата за меѓународната титула и “се разбира” ја освојуваат по продолженија со 4-2. Седумдесеттите години се појавуваат како транзициони поради многу причини од кои едни од нив се заморот или преминувањето во други клубови на играчи како Шнелингер, Трапатони, Сормани и Прати, а Ривера е веќе во залезот на својата кариера. Милан финишира на втората позиција во серија А три години по ред. Во 1972 успеваат да го освојат Купот на Италија победувајќи го Наполи со 2:0. Исто така тимот од Милано ја освојува својата втора титула во Купот на Победниците на Куповите (КПК) победувајќи го Лидс со 1-0. Во 1979 Милан ја освоил 10-тата шампионска титула на Италија и така во последната година од престојот на Ривера во Милан “росонерите” имаат чест да ја носат на дресовите својата ѕвезда, која ја носи секој тим во победата на 10-тата шампионска титула. Eдна легенда се откажува, а друга го прави своето деби за Милан, тоа е Франко Барези. Ова се случува во период кога претставувањето на Милан во Европа е многу слабо, имено Милан губи натпревари од Бетис, Манчестер Сити и Порто. По скандалот со наместени натпревари и корупција во 1980 година, Милан е принуден за прв пат во неговата историја да игра во Серија Б. По многу добра игра, тимот од северна Италија се враќа во Серија А, завршувајќи на првата ппозиција. Во 1986 г. Силвио Белускони го купува Милан. Имено, новиот претседател, Белускони го спасува тимот од банкрот. Вложува многу пари во детската школа и во тренинг – базата, Миланело, Милан повторно се вбројува меѓу елитните светски клубови. Тимот е засилен со играчи како Коломбо, Анчелоти, Донадони, Масаро, Гали и холандското трио Бастен, Гули и Рајкард. Заменувајќи ја легендата Лидхолм и назначувајќи го на тренерската функција непознатиот тогаш Ариго Саки, Белускони прави голем чекор во изградбата на извонредниот Милан. Со бавен, но сигурен старт, ѓаволите од Милано почнуваат да го покажуваат својот потенцијал и со напаѓачки фудбал и многу добро поставена тактика во одбраната, “росонерите” се претвораат во вистински кошмар за своите ривали. Поради овој тим во 1988г. завршуаат ерите на тимовите како Наполи, предводени од Диего Армандо Марадона. Победувајќи со 3:2 во последниот натпревар, Милан ја освојув својата 11-та титулата во калчото. Исто така, црвено-црните од Милано го освоуваат суперупот на Италија победувајќи ја Сампдорија со 3:1. Во 1989 година Милан стигнува до финалето на Лигата на шампионите и со по два гола на Бастен и Гули ги разбива соништата на Стеауа. По неколку месеци доаѓа и освојувањето на европскиот суперкупа против Барселона преку подеба од 2-1, по што следува и победа над Меделин со 1-0 во натпревар за меѓуконтиненталното првенство. Историјата се повторува и во 1990 година, кога со гол на Рајкард, Милан ја освојува Лигата на шампионите со победа над Бенфика од 1-0. Исто така, “росонерите” повторно го освојуваат суперкупот на Италија и повторно со победа против Сампдорија. Милан стигнува и до меѓународната титула победувајќи ја Олимпија со 3-0. Бастен и Рајкард се прогласени за играчи на годината и ги добиваат заслужените специјални награди. Во сезоната 1991 – 92, Милан веќе има нов тренер, додека Саки станува селектор на националниот тим. Во својата прва, новиот тренер – Капело станува шампион на Италија без да загуби ниту еден натпревар. Тимот постигнува историска серија без загуби, која трае цели 58 натпревари. Така Милан освоил три шампионски титула во Италија и три Суперкупови во својата земја. Овој период се поврзува со нови имиња во редовите на клубот: Папете, Роси, Еранио, Бобан, Савичевич, Десаи и Панучи. Доаѓа 1993, кога Франк Рајкард го напушта тимот од Милано и се враќа во Ајакс. Во 1994 црвено-црните го освоијуваат 14-тото Скудето и 5-тата титула во Лигата на Шампиони победувајќи ја Барселона со 4-0, преку погодоците на Христо Стоичков. Тоа е неверојатна резултат за тим обвинуван дека игра затворен фудбал. Mилан исто така го освоил и европскиот суперкуп победувајќи го Арсенал со 2-0. Предводен од носителот на златната топка од 95г. Џорџ Веа, во 1996 година, 15-тата титула на Италија веќе е реалност. За жал тоа се покажува како период во кој и другите две холандски ѕвезди го напуштаат клубот. Во периодот од својата кариера поминат во Милан, Марко Ван Бастен освојува три златни топки во 88, 89, 92г. Пред него во 1987г. Гули го освоил ова признание. Ван Бастен се откажува од фудбалот поради повреда на глуждот, а Гули преминува во Сампдорија. Капело го напушта клубот и заминува за Мадрид, каде што го води Реал, а на неговото место доаѓа Оскар Табарез. Само за неколку месеци работа, Табарез е заменет од Ариго Саки, кој што во 1998 беше заменет од Капело. На грандиозниот Милан му доаѓа крајот по откажувањето и на Барези и Тасоти. Во овој период повторно се купуваат “големи зведи” со надеж за успех, но Берлускони и навивачите стануваат поразочарани од било кога. Претседателот решава да направи важен чекор во историјата на клубот и го назначува за тренер човекот кој направи чуда со тимот на Удинезе, Aлберто Ѕакерони. Исто така купувањето на германецот Бирхоф и на Хелвег одигрува значајна улога во формирањето на неприкосновен тим. 1999. се покажува како многу успешна за “росонерите” со оглед на периодот од неколку годишна “суша”. Со една неверојатна серија од 10 последователни победи на крајот од сезоната Милан успева да го надмине Лацио и така да дојде до 16-тата титула на Италија. Со ова, Алберто Ѕакерони се приклучува на Нерео Роко, Ариго Саки и Фабио Капело кои ја освоиле титулата во земјата уште во својата прва година на чело на клубот. За жал, презентацијата на клубот на европска сцена беше премногу разочарувачки и Ѕакерони е сменет во 2001 од Чезаре Малдини и Мауро Тасоти кој е назначен за асистент. Во сезоната 2001/02 на чело на клубот застанува турскиот специјалист Фатих Терим, но само по неколку месеци тој е отпуштен и на неговото место застанува повторно Чезаре Малдини. На 11.05.2001г. Милан ги декласира своите “крвни непријатели” – Интер со 0-6. Доаѓа назначувањето на Карло Анчелотиза тренер. Но доаѓаат и тешки и бројни повреди на главните играчи како Руи Коста, Шевченко, Малдини, Инзаги, Албертини и Амброзини па почетокот на Анчелоти е многу тежок. Сезона 2002/03 се поврзува со многу значајни трансфери. На Сан Сиро пристигнуваат Алесандро Неста, Ривалдо и Зеедорф. По успешното учество во третиот квалификациски круг на Лигата на шампионите, Милан ја започнува сезоната со стил. “Росонерите” доминираат на неверојатен начин и во калчото и во Лигата на шампионите благодарение на ѕвездите како: Инзаги, Сидорф, Дида, Пирло. Паоло Малдини и Костакурта. Преку еден сјаен начин со убава и ефектна игра, црвено-црните стигнаа до фазата на директни елиминации во Лигата на шампионите, каде што се сретнуваат со младиот тим на Аякс. По 0-0 во Амстердам, реваншот на Сан Сиро се очекува со голем интерес. Сигурно потценетиот тим на Ајакс излегува како силен противник кој на крајот сеак е совладан со тесни 3-2 со гол во 93-тата минута. Во полуфиналето противник е вечниот непријател – Интер. По две нерешени средби, 0-0 и 1-1 “росонерите” стигнауваат до финалето, благодарение на гол постигнат на гостински терен од страна на Шевченко. Финалето во Манчестер против Јувентус се покажува како многу интересен натпревар, иако резултатот во регуларното време е 0-0. Доаѓа до продолженија, каде повторно никој не успва да постигне гол и така мечот треба да биде решен преку изведување на пенали. Шевченко го изведува одлучувачкиот пенал и така Милан ја освојува и шестата титула во Лигата на Шампионите. Oсвен тоа, “росонерите” освојуваат уште еден куп на Италија, откако ја победуваат Рома со 4-1 во првиот натпревар. На реванша пред 80 000 гледачи одигран како чиста формалност, Паоло Малдини го крева пехарот и од Купот на Италија и така ја означува одличната сезона. Сезоната 2003/04 започна со освојување на уште еден европски куп. По победата од 1-0 над Порто во битката за суперкупот на Европа, Милан го додава тој трофеј во своите витрини. Повторно Шевченко беше човекот кој беше разликата помеѓу двата тима. Талентот на Шева не останува незабележан и тој ја освои златната топка во 2004 година. Револуциониот чекор беше привлекување на младата Бразилска ѕвезда Кака. Бразилицет беше брилијантен и беше исклучително значајна улога во освојувањето на 17-тото Скудето за клубот. Таа сезона во Лигата на Шампионите се случува неверојатна елиминација од Депортиво Ла Коруња кој во реваншот слави над Милан со 4-0, по првичната победа на Милан од 4-1 и така го соборува европскиот шампион. Наредната сезона, на 25.05.2005г. Милан одигрува уште едно финале во Лигата на шампионите, но овој пат во Турција на стадионот “Ататурк” против англиски Ливерпул во борба за 7 титула на како европски шампион.Но сите надежи паѓаат во вода по огромната предност на Ливерпул од 3-0 по првите 45 минути. Малдини еднаш и Креспо на 2 пати погодуваат во вториот дел оживувајќи ги одново надежите на “росоњерите” и сега веќе резултатот е 3-3. Доаѓа до продолженија, каде што Шевченко имаше чиста шанса во 117минута, но за жал не Дудек го спасува Ливерпул. Така дојде и до пенали, каде што сите тргнуваа кон белата точка со главата нагоре. Прво Сержињо бие високо над голот а по него и Андреа Пирло не успева да реализира. Дојде и решавачкиот пенал, пропуштен од Шевченко и така Ливерпул е новиот европски шампион. Следната сезона 2005/2006 се покажа одново како безуспешна. “Росонерите” втора година по ред останаа без титула. Палермо се покажа како пречката која го одврати автомобилот на Анчелоти и неговите фудбалери на нивниот пат кон освојување на Купот на Италија. Во Лигата на шампионите Милан се пртставува доста добро. Скоро никој не ги става во главен план алудирајќи на просечната возраст во составот, но “росонерите” успеаа да стигнат до полуфиналето на еден неверојатен начин. Го елиминираат прво Баерн Минхен со победа со 4:1 на “Сан Сиро”, па потоа и Лион со 3:1 и тоа повторно на “Сан Сиро”. Потоа доаѓа и во полуфиналето, каде што црвено-црните се “сопнаа” пред идниот Европски Шампион – Барселона. Минимална загуба во Милано со 0-1 значително ги намали шансите на Карло Анчелоти да го доведе својот тим до финалето во Париз. Така за две недели “каталонците” ги пречекаа Шевченко, Кака, Гатузо со доста голема доверба. Во еден прилично драматичен натпревар, во кој не недостигаше ништо освен головите Барса и Милан, натпреварот завршува 0:0 и Барселона стигна до финалето, каде што се ги очекуваше со Арсенал. Но, на натпреварот кој ги урна надежите на Милан, главно лице се покажа судијата Маркус Мерки, кој на неверојатен начин поништи гол со глава на Андреј Шевченко. По долги истраги УЕФА потврдија дека голот е регуларен и така Маркус Мерки беше казнет да не суди натпревари на Мундијалот во Германија, 2006. Во калчото работите се повторија од миналта сезона. Милан повторно остана на второто место освојувајќи 88 поени.
Дојде и летото 2006-та, кога тимот на Милан беше вмешан во грандиозен скандал со местење на натпревари. Од целата оваа приказна најмногу оштетени остана шампионот Јувентус. Тие беа испратени во Серија “Б”, и како последица од тоа им беа одземени последните две титули. На Милан беа одземени 8 поени од изминатата сезона кои автоматски ја го промовираа Интер како шампион за таа сезона. Доста солидна парична казна следуваше и за раководството на Силвио Берлускони. Исто така, “росонерите” требаше да започнат борбата во Лигата на Шампионите од квалификациската рунда. Таму се сретнаа со Црвена Ѕвезда. Карло успеа да ги охрабри своите момчиња и тие го елиминираа српскиот претставник. Во првенството, Милан започна доста добро, но тоа беше само во првите кола. Оттука натаму, следуваше лоша игра на тимот од Милано кој редеше претежно нерешени резултати.Слабите игри го навестуваа моментот во кој Анчелоти беше пред отпуштање, бидејќи Милан се наоѓаше во долниот дел на табелата.Генерално земено, сезоната беше доста слаба, но дојде и зимскиот трансфер период, во кој на “Сан Сиро” пристигнаа неколку “освежувања”. Тимот се инспирираше и ја подобри играта. Почнаа да се трупаат победи, како во калчото така и во Лигата на шампионите. Во првенството Милан успеа да се избори за 4-тото место. Во најпрестижниот турнир – Лигата на Шампионите се остваруваа победи над гиганти како Баерн М. и Манчестер Јунајтед, за да се освои визата и за финалето, каде противник повторно беше Ливерпул. Момчињата на Карло победија со 2-1 и така ја освоија седмата европска титула во својата приказна.Следува неколку годишна суша….Интер блеска неколку години и го освојува Скдетото.Милан губи натпревари во Лигата на Шампионите….Следува пораз од Манчестер со срамни 4:0 на гостински терен.Но за се има крај па така и за оваа голем неколку годишен неуспех на Милан па така раководството на Милан превзема бистар потег привлкувајќи ги во своите редови Злата Ибрахимович, Робињо и Боатенг кој што ја оправдааа довербата и парите што беа дадени за нив.Златан Ибрахимович блеска во Милан.Милан ги гази своите противници во Сериа А додека Интер под раководство на стариот треер на Ливерпул, Рафа Бенитез тоне кон дното….Некој месец подоцна тој е отпуштен од тренерското место а кормилот на Интер го превзема екс тренерот на Милан, Леонардо.Милан е незапирлив победува се што ќе стигне во Калчото и така тој станува еден од најдобрите тимови во Италија останувајќи на првата позиција со голема разлика кон конкурентите остварена на 28:02:2011 година над тимот на Наполи со високи 3:0.Приказната продолжува и до денес. . . .