Monday, November 21, 2011

Костакурта: Тевез би било одлично решение за нападот на Милан

Легендата на росонерите мисли дека Карлос Тевез би била правата замена за Антонио Касано и ургираше на челниците на Милан да го доведат аргентинецот. Тој сеуште не се вратил од Аргентина, но на сите им е јасно дека Карлос Тевез нема веќе да игра за Манчестер Сити. Шампионот на Италија е заинтересиран за Карлос Тевез и сака да му понуди излез од непријатната ситуација. Алесандро Костакурта, легендарниот дефанзивец на Милан, вели дека ако го доведат Тевез во Милан тоа ќе биде вистинскиот потез.

"Тевез би бил идеален за Касано." - вели Алесандро Костакурта.

"Сепак, имам впечаток дека Тевез би можел да направи одредени проблеми ако долго остане на клупа, а тоа е нешто што сигурно ќе се случи со обзир на јака конкуренција кој Милан ја има во нападот."

"Меѓутоа, доколку со него се постапи на прав начин, Тевез навистина би бил феноменално засилување за нашиот тим." - заврши Алесандро Костакурта.

No comments:

Post a Comment