Monday, November 21, 2011

Волфганг Штарк ќе ја дели правдата на Сан Сиро

Волфганг Штарк, кој ќе остане запамтен по тоа што го судеше полуфиналниот натпревар Реал Мадрид и Барселона, ќе биде главен арбитар на Сан Сиро помеѓу Милан и Барселона. UEFA го одреди списокот кои судии ќе ги судат натпреварите од петото коло во групната фаза од Лигата на Шампионите. Германецот Волфганг Штарк ќе го суди дербито во групата Х помеѓу Милан и Барселона. Познато е дека германецот со своите одлуки ги оштети Реал Мадрид, кога му покажа директен црвен картон на Пепе.

Пепе го доби црвениот картон поради лошиот старт врз Дани Алвеш. Тој нема да игра на Сан Сиро поради жолтиот картон кој го доби против Викторија Плзен.

No comments:

Post a Comment