Конечно тренерот на Милан, Масимилиано Алегри се одлучи кој ќе игра во средниот ред. Стартери во натпреварот против Барселона најверојатно од десната страна ќе игра Ночерино, во средината Ван Бомел и од левата страна Сидорф. Холанѓанецот го пропушти натпреварот со Фиорентина, но против каталонците ќе се врати во средниот ред на росонерите. Поранешниот играч на Барселона ќе го замени Масимо Амброзини, кој излезе како стартер против Катанија и Фиорентина. Зад напаѓачите ќе игра Боатенг, додека пак во нападот се очекува дека ќе играат Робињо и Ибрахимовиќ. Овој пат Алегри се одлучи за поофанзивен состав, но Пато ќе биде како љута резерва.
No comments:
Post a Comment