Thursday, November 10, 2011

Браида: Поради годините на Клосе, тој не се пресели на Сан Сиро

Спортскиот директор на Милан, Ариедо Браида за весникот "Corriere dello Sport" изјави дека италијанските шампиони можеле да го ангажираат германецот Мирослав Клосе во текот на летото, но се откажале поради неговата возраст.

"Не потпишавме со Клосе поради две причини. Првата е поврзана со тоа што тој сакаше првотимски статус во тимот, но ние исто како и Јувентус и Интер не можевме да му го исполниме тоа барање. Ние веќе имавме играчи како Ибра, Робињо и Пато и покрај нив не можевме да му дадеме место во првиот тим на играч кој има 33 години”- рече Браида.

"Втората причина беше неговата возраст. Ние како клуб кој е претендент за титулата не смеевме да потпишеме со играч кој има 33-години, а зад себе имаше две лоши сезони" - заврши Браида.

Од почетокот на сезоната во Серија А, Мирослав Клосе, кој на крајот го избра Лацио за свој тим, е еден од водечките голгетери со шест погодоци, со две помалку од лидерот Антонио Ди Натале. Поранешниот напаѓач на Баерн Минхен има и два гола во Лига на Европа во дресот на Лацио.

No comments:

Post a Comment