Thursday, November 10, 2011

Катанија: Ако Милан го сака Макси Лопез, подготвени сме да го дадеме

Од раководството на Катанија му дадоа до знаење на Макси Лопез дека тие нема да го сопрат да се пресели во Милан во случај аргентинскиот напаѓач да добие понуда од "росонерите". Како што е познато, италијанскиот шампион бара засилувања во нападот откако по операцијата на срцето, Антонио Касано долго време ќе отсуствува од терените, а Макси Лопез изјави дека со радост би преминал во редовите на гигантот од Милано.

"Макси Лопез во Милан? Тој може одлично да се справи со секој тим" - рече спортскиот директор на Катанија, Пјетро Ло Монако.

"Среќни сме дека клуб како Милан е заинтересиран за наш фудбалер. Ако навистина добиеме понуда, подготвени сме да преговараме" - заврши тој.

No comments:

Post a Comment