Friday, November 11, 2011

Милан испратил 3 милиони евра за Рикардо Монтоливо

Милан достави понуда вредна 3 милиони евра за Рикардо Монтоливо, играчот од средниот ред на Фиорентина. Како што се ближи крајот на неговиот договор со Фиорентина, името на италијанскиот интернационалец се повеќе се поврзува со преселба кај шампионите во Серија А.

Фиорентина, за да не го изгуби Рикардо Монтоливо кој може да си оди  со слободен трансфер ова лето, од Фиорентина најверојатно ќе се согласат да го продадат 26-годишниот фудбалер. Сепак, се верува дека ќе ја одбијат понудата од Милан, бидејќи се надеваат да добијат барем 5 милиони евра за него.

No comments:

Post a Comment