Тренерот на Милан вели дека е привилегија да се игра против Барселона. Масимилиано Алегри нема дилема.
"Барса е најдобриот фудбалски тим на светот, но во тоа нема сомнение. Привилегија е да играш против нив, па затоа вреди да живееш за такви натпревари." - вели Алегри.
Тој знае дека неговиот тим го чека многу тежок натпревар.
"Многу е тешко да им ја земеш топката. Тоа е нашата цел, да не им дозволиме тие да ја имаат топката во посед. Во спротивно, ќе имаме доста проблеми. Секако, лесно е да се каже да ги нападнете високо. Тие одлично знаат да одговорат на пресинг, се убацуваат од втор план, ја користат секоја дупка." - додаде Алегри.
Ќе имам неколку проблеми околу составувањето на тимот.
"Пато или Робињо, и морам да видам дали е целосно спремен Сидорф. Се враќа и Замброта." - заврши Алегри.
No comments:
Post a Comment