Играчот за врска на Милан, Кевин Принс Боатенг смета дека неговиот тим покажа дека поседува голема класа во синоќешниот натпревар против Барселона. Каталонците победија со 3:2 на Сан Сиро, иако домаќините покажаа доста добра игра.
"Оваа вечер игравме добро и покажавме дека можеме да бидеме многу силни кога има концентрација во играта." - изјави Боатенг после натпреварот со Барселона.
"Барселона е одличен тим, најдобар на светот. Ние одигравме многу силен натпревар и само недостатокот на среќа не спречи да постигнеме позитивен резултат." - додаде Боатенг.
"Најважно е што успеавме да ја поминете групната фаза во Лигата на Шампионите и да се пласираме на директните елиминации." - рече поранешниот репрезентативец на Гана.
Боатенг во вчерашниот натпревар даде еден прекрасен погодок, кој ги врати росонерите во игра. Голот го постигна во 54 минута.
"Не заслуживме да изгубиме, но не и да победиме. Нерешен резултат ќе беше реално. Првиот гол на Барселона беше офсајд, додека пак во вториот немаше никаков пенал. Како што гледам по весниците и на интернет страниците, пишуваат дека Барселона никогаш не победувала реално, само со помош на судиите." - заврши тој.
No comments:
Post a Comment