Friday, November 25, 2011

Робињо: Пресреќен сум во Милан

Бразилскиот напаѓач на Милан, Робињо даде кратко интервју за италијанскиот "Globesport", во кое кажа дека е пресреќен во Милан и дека му се допаѓа италијанскиот фудбал.

"Пресреќен сум во Милан. Чест ми е да играм за најтрофејниот клуб во светот. Во овој клуб од секогаш имало по некои бразилски мајстори." - вели Робињо.

Кафу, Сержињо, Роналдо, Роналдињо, ова се само неколкуте легендарни имиња на бразилскиот фудбал, кои играле за Милан, а сега напаѓачот на Милан, Робињо има чест да биде дел од составот на најтрофејниот клуб во светот.

"Играв за неколку јаки клубови како Манчестер Сити и Реал Мадрид, но италијанската лига е многу поинаква од англиската и шпанската, каде што е премногу лесно да играш. Во англиската Премиер Лига е многу тешко за играње, но затоа треба на секој натпревар да бидеш максимално физички спремен." - додаде Робињо.

"Италијанскиот фудбал многу ми прилега на мене, па затоа и го сакам. Откако сум во Милан, мојот стил на игра премногу се промени." - заврши Робињо.

No comments:

Post a Comment