Thursday, November 24, 2011

Неста ќе паузира околу два месеца

Искусниот дефанзивец на Милан, Алесандро Неста заработи истегнување на бутниот мускул за време на дуелот со Барселона во Лигата на Шампионите. Тој доби повреда во почетокот на второто полувреме и беше принудно заменет со Даниеле Бонера, во кој Милан загуби на домашен терен со 2:3.

Како што велат италијанските медиуми, Алесандро Неста би можел да биде надвор од терените околу два месеца.

No comments:

Post a Comment