Sunday, November 13, 2011
Милан: Дидиер Дрогба доаѓа, Пипо Инзаги си оди?
Поради отсуството на Антонио Касано, Милан бара засилување во нападот. Како прво име кое беше спомнато е напаѓачот на Катанија, Макси Лопез. Тој изјави дека би му било многу мило кога би заиграл во дресот на италијанскиот шампион, а управата на Милан бара евтина варијанта.
"Макси Лопез е еден од најголемите кандидати за нов напаѓач на Милан, но Катанија нема така да го пушти и тој трансфер ќе кошта." - изјави фудбалскиот менаџер Клаудио Пасквалин.
Се шпекулираше дека романецот Адриан Муту е блиску до трансфер во Милан, но сите забораваат на ветеранот, Филипо Инзаги кој се опорави од повредата и се очекува да се врати во екипата.
Искусниот Пипо пред неколку дена изјави дека нема намера да се бори за своето место и дека уште ќе се бави со фудбалот, сепак останува од Милан дали тој ќе остане во редовите на шампионот или во јануари ќе го напушти својот долгогодишен клуб.
"Јас би сакал да ја завршам кариерата во овој клуб, но зависи од Милан дали тоа ќе се случи. Не знам дали они сеуште ме сакаат, но во наредните два месеци ќе видиме што ќе се случи." - вели Пипо Инзаги.
Сепак, челниците на росонерите, според пишувањата на италијанските медиуми, имаат нова опција и ново решение за нападот.
Во прашање е Дидиер Дрогба кој сеуште не потпишал нов договор со лондонскиот клуб и би бил најевтина варијанта за Милан, бидејќи договорот со англискиот клуб му истекува на крајот на сезонава и Челзи ризикува да го изгуби искусниот напаѓач без обештетување.
Ако Дидиер Дрогба се пресели во Милан, тој би можел да игра во Лигата на Шампионите, со тоа што дека тој овие две сезони немал ниеден настап на европската сцена за англискиот клуб.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment