Monday, November 14, 2011

Милан го доведува Александар Коларов?

Заминувањето на Таје Таиво е актуелно. Се претпоставува дека нигериецот не ги задоволи челниците на Милан. Дидач Виња беше поранешен избор, додека пак Урби Емануелсон не се вклопи најдобро на позицијата лев бек. Сега на Милан му е потребен лев бек кој што ќе биде долгорочно решение.

Моментално Џанлука Замброта игра на таа позиција, но неговите години сигнализираат дека тој е само привремено решение. Летоска се спомнуваше левиот бек на Барселона, Максвел, но сега примарна цел е репрезентативецот на Србија, Александар Коларов.

После Јувентус и Милан се свесни дека играч со такви карактеристики би бил одлично решение за позицијата лев бек. Проблем може да биде големите примања на србинот, но и желбата на Роберто Манчини е да има по двајца квалитетни играчи на секоја позиција.

No comments:

Post a Comment