Во Италија има неколку заинтересирани клубови како Интер, Јувентус и Милан, кои ја водат битката за играчот на Манчестер Јунајтед, Нани. После одличната игра на Нани во Манчестер Јунајтед, португалецот привлекува големо внимание на фудбалската јавност.
Како што кажуваат европските медиуми, во трката за потписот на Нани се три големи италијански клубови, Интер, Јувентус и Милан.
Интер планира да оди напред на табелата во италијанското првенство што ќе им биде потребно златно појачување во јануари, а како главно појачување би бил Нани.
Јувентус и прошлата година беше поврзан со португалецот, додека Милан планира да ги помрси конците со своите ривали.
Сепак, не е познато дали Алекс Фергусон ќе одобри да го продаде неговиот одличен крилен играч, кој во Манчестер Јунајтед стигна во 2007 година.
No comments:
Post a Comment