Friday, November 25, 2011

Официјално: Неста 1 месец во аут

Денеска стигнаа лоши вести во Миланело. Дефанзивецот на Милан, Алесандро Неста ќе паузира еден месец поради повреда на тетивата во натпреварот со Барселона. Според извештаите од медицинските тестови, Неста ќе биде надвор од терените околу еден месец, доколку нема компликации. Во натпреварот со Барселона, тој се повреди во почетокот на второто полувреме и тренерот на Милан, Масимилиано Алегри одма реагираше и Неста беше заменет со Даниеле Бонера. Летоска дојде ново засилување во Милан, Филип Мексес кој не е доволно спремен, поради операцијата на раката, но се очекува и тој конечно да игра за Милан. Тој дебитираше за росонерите, но на еден од тренинзите ја повреди раката и мораше да ја оперира. Алегри на располагање го има и колумбиецот Марио Јепес, но оваа сезона премногу предност добива искусниот дефанзивец на Милан, Даниеле Бонера.

No comments:

Post a Comment