Денеска росонерите одржаа тренинг. По завршувањето на тренингот, Урби Емануелсон даде едно кратко интервју за новинарите од "Milan Channel".
"Фиорентина играше одлично во одбраната, ние постигнавме 1 гол, кој беше поништен, но беше регуларен. Имаше и 2 недосудени пенали за нас. Не игравме баш како што знаеме да одиграме, но ни недостигаше само 1 погодок за да ја крунисаме добрата игра и да си заминеме со трите бода."
"Сега не е потребно да размислуваме за Фиорентина, во моментов треба да мислиме за натпреварот против Барселона, кој го играме во среда.
Урби Емануелсон, како што самиот изјави, се надева дека ќе го постигне својот прв погодок во среда против екипата на Барселона.
"Со нетрпение го чекам својот гол првенец во дресот на Милан. Да се надеваме дека ќе го постигнам во среда, против Барселона. Јас и без тоа сум задоволен од настапите досега и се надевам дека ќе продолжам така." - заврши Емануелсон.
No comments:
Post a Comment