Шампионот на Италија, Милан ја следи состојбата на Даниеле Де Роси, откако играчот призна дека преговорите за нов договор со Рома не се одвиваат во посакуваниот правец.
На Даниеле Де Роси му истекува договорот со Рома во јуни и ако не добие согласност со својот клуб Де Роси може слободно да го напушти тимот. Од следното лето тој е слободен играч.
"Ако треба да ја напуштам Рома ќе гледам тоа да биде во странски клуб, но ако не добијам добра понуда ќе морам да потпишам со некој клуб од Италија." - вели играчот од средниот ред на Рома, Даниеле Де Роси.
Заинтересирани клубови за Даниеле Де Роси се Манчестер Сити и Реал Мадрид, па се очекува тие да испратат понуда, но според фудбалските аналитичари, најочекувана дестинација на Де Роси е Милан.
No comments:
Post a Comment