Tuesday, November 15, 2011

Миланело: Наскоро сите на број

Миланело: Утрешниот тренинг почна во 11:30 часот. Прво сите играчи беа во теретана, а потоа истрчаа на терен. Џенаро Гатузо и денеска тренираше со остатокот од екипата.

Доктор Рудолф Тавана, кажуваше каква е ситуацијата на Гатузо, после повредата на очниот нерв:
"Гатузо се чувствува многу подобро. Среќен е што тренира со остатокот од екипата, но сеуште не знаеме кога ќе се врати на терен. Во наредните денови ќе знаеме каква е неговата ситуација."

Играчите кои настапуваа за своите репрезентации, денеска не присуствуваа на тренингот, но се очекува за неколку дена сите да бидат на број и да продолжат со припреми, пред важните натпревари кои следат.

Стоперот на росонерите, Тиаго Силва стигна денеска во Милано, после вчерашниот натпревар Бразил и Египет. Тој го одигра цел натпревар.

Освен Тиаго Силва, натпреварите за својата репрезентација, играше и Игназио Абате, Алберто Аквилани и Антонио Ночерино за Италија, а Ибрахимовиќ играше пријателски меч против Англија, Ван Бомел за Холандија против Германија, Таиво за Нигерија и младиот фараон, Стефан Ел Шарави играше во натпреварот на Италија против Унгарија до 21 година. Марио Јепес стигнува во Милано во четврток после натпреварот на Колумбија и Аргентина.

No comments:

Post a Comment