Saturday, November 12, 2011

Сантос го сака Робињо

Планот на Сантос е повторно да го врати Робињо во своите редови. Откако челниците на клубот го продолжија договорот со Нејмар до 2014, а сега назад го сакаат и Робињо.

"Сон е да се има играч како Робињо, кој би можел да не направи најсилни во светот. Го имаме одличниот Нејмар, поради кој ние сме секој ден во весниците." - изјави претседателот на Сантос.

Ѕвездата на Милан, Робињо, својата кариера ја започна во Сантос, кој го напушти во 2005-та година кога премина во Реал Мадрид за 24 милиони евра.

Бразилскиот интернационалец се врати во Сантос, но на позајмица на пола сезона во 2010-та година од причина што не се снајде во Манчестер Сити. По крајот на позајмицата, Робињо се пресели во Милан, каде што до ден денес, прикажува одлични игри.

No comments:

Post a Comment