Saturday, November 26, 2011

Тевез на чекор до Милан

Раководството на Милан започна преговори со менаџерот на напаѓачот на Манчестер Сити, за трансфер на Карлос Тевез. Според "SkySport" извршниот потпретседател на Милан, Адријано Галијани и спортскиот директор Ариедо Браида вчера во Милано се сретнале со менаџерот на Тевез, Киа Јорабчијан за да ги финализираат преговорите околу трансферот на аргентинецот. Италијанскиот шампион во Карлос Тевез гледа идеална замена за Антонио Касано кој поради операцијата ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната. Според медиумите состанокот поминал во најдобар ред и двете страни ги договориле сите детали. Извештаите велат дека Милан сака да го доведе Тевез во јануари на шестмесечна позајмица, а потоа на крајот од сезоната напаѓачот да направи перманентен трансфер. Затоа росонерите ќе мора да платат 5 милиони евра за позајмицата и уште 20 за целосно откупување на договорот на аргентинскиот репрезентативец во јуни. Проблем кај росонерите претставувала платата на аргентинецот кој во Манчестер Сити заработуваше повеќе од 8 милиони евра, но Милан нема намера да му дава толку големи примања. "SkySport" изјавува дека агентот на Карлос Тевез бил свесен дека неговиот клиент нема да може повеќе да заработува толкава плата и така би бил постигнат договорот за значително намалување на примањата.

No comments:

Post a Comment