Monday, October 10, 2011

Покрај Милан, и Манчестер Јунајтед во трката за Гансо

Покрај Милан, и Манчестер Јунајтед се заинтересира за младиот бразилец. Тој игра во Сантос и овие две екипи го следат неговиот напредок. Овие два тима уште од летото се обидуваа да го доведат во своите редови, но ниеден од двата тима не успеа да го доведе. Сумата на овој играч е околу 40 милиони евра. "Росонерите" одамна се заинтересирани за Гансо, а според медиумите од раководството на Милан припремиле понуда од 21 милион евра која би требало да биде доставена до бразилскиот клуб оваа зима. Проблемот кај Манчестер Јунајтед е големата цена на бразилецот, која изнесува околу 40 милиони евра. Гансо во неколку наврати изјави дека повеќе сака да игра во Италија отколку во Англија. Тоа се двата проблеми на "црвените ѓаволи".

No comments:

Post a Comment