Tuesday, October 11, 2011

Карлос Дунга: Тиаго Силва, Робињо и Александре Пато им се многу важни на Милан

Милан беше најуспешен тим оние години кога за нив настапуваа трите холандски легенди, Марк Ван Бастен, Рајкард и Жулит на чело со тренерот Саки, но сега работите им се сменија и Милан е успешен само поради тројцата бразилци: Тиаго Силва, Робињо и Александре Пато. Бразилците им беа клучен дел од освојувањето на скудетото во сезона 2010/2011 и освојувањето на Суперкупот со победата над Интер. Поранешниот тренер на Бразил, Карлос Дунга верува дека тие се клучните играчи за успехот на Милан. Потоа тој изјави:
"Тиаго Силва е голем талент и покажува многу квалитет на теренот. Тој е еден од најважните играчи на Милан."
"Робињо е многу битен за тимот, тој е многу добар дриблер и им е организатор на играта. Минатата година кога го освоија скудетото и Суперкупот го покажа тоа.
"Александре Пато е играч кој на Милан му е многу важен. Тој кога игра мора да даде гол. Има прекрасен шут. Неговите голови кажуваат каков играч е. Но, кај него штета е што не може да игра долго на теренот. Да се надеваме дека тоа во иднина ќе престане. Александре Пато и Робињо моментално се опоравуваат од повредите, додека пак Тиаго Силва стартува и кај Милан и кај бразилскиот национален тим."

No comments:

Post a Comment