Monday, October 10, 2011

Барселона повторно по Тиаго Силва

Актуелниот европски шампион повторно е заинтересиран за дефанзивецот на Милан, Тиаго Силва. Според шпанските медиуми, Каталонците ќе направат се за да го доведат на Камп Ноу. Барселона пред неколку месеци беше заинтересирана за Тиаго Силва и тие го прашаа дали сака да премине во Барселона, но тој кажа НЕ, СРЕЌЕН СУМ ВО МИЛАН. Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола е заљубен во играта на бразилецот и го определил бразилецот како основна цел за летниот трансфер период. Каталонците и летово сакаа да го ангажираат бразилецот, но не успеаа. Беа понудени 30 милиони евра за Тиаго Силва, но тој одби. Тој го продолжи договорот со Милан до 2016 година. "Ел Мундо Депортиво" вели дека Барселона наредното лето најголемиот дел од парите за трансфери ќе го потроши за засилување на дефанзивата и најавува дека Каталонците се спремни да понудат 40 милиони евра за бразилецот. И со тоа би можеле Тиаго Силва да го направат најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.

No comments:

Post a Comment