Friday, October 14, 2011

Хуго Лорис кандидат за нов голман на Милан

Милан веќе некое време е во потрага по квалитетен наследник на Кристијан Абиати, а по Самир Хандановиќ од Удинезе и Николај Михајлов од Твенте, според некои медиуми "росонерите" се заинтересирани и за голманот на Лион, Хуго Лорис. Чуварот на мрежата на француската репрезентација веќе неколку години е цел на Милан, но Лион бараше повеќе од тоа што "росонерите" сакаа да платат. Тоа би можело да биде повторно проблем, затоа што 24-годишниот голман на Лион потпиша нов договор до 2015 со французите. Лион за да го продаде овој голман, бара да се плати 20 милиони евра. Еве ги и можните кандидати, а тие се:
-Вилфредо Кабаљеро од Малага
-Николај Михајлов од Твенте
-Самир Хандановиќ од Удинезе
-Хуго Лорис од Лион, а сега ни останува да видиме кој ќе биде новиот наследник на Кристијан Абиати.

No comments:

Post a Comment