Friday, October 14, 2011

Агентот на Златан Ибрахимовиќ: Тој ќе ја заврши кариерата во Милан

Италијанските медиуми ја кажаа иднината на Златан Ибрахимовиќ. Иако тој изјави дека е уморен од фудбалот, а медиумите рекоа дека треба да го смени клубот, за да има волја да игра повторно фудбал. Потоа се појавија и гласини кои велеа дека тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо го посакува Златан Ибрахимовиќ во Реал Мадрид. Но, според агентот на швеѓанецот, Златан Ибрахимовиќ најверојатно ќе ја заврши кариерата во Милан. Мино Раиола потенцираше дека Златан Ибрахимовиќ нема никакви проблеми со росонерите, а како пример го посочи потегот со кој напаѓачот реши да се врати во Милано наместо да остане со селекцијата на Шведска за дуелот со Холандија. Потоа Мино Раиола изјави:
"Тој е мирен и релаксиран па кога од таборот на Милан побараа да се врати во Милано и покрај неговата желба да остане со селекцијата на Шведска во пресрет на важен натпревар (средбата со Холандија која беше одлучувачка за директен пласман на Европско Првенство 2012) се врати без проблем. Златан Ибрахимовиќ го има кажано тоа, најверојатно Милан ќе му биде последен клуб."

No comments:

Post a Comment