Навивачите на Милан од 13 октомври ќе можат на Сан Сиро на полувреме да ги следат резултатите од останатите натпревари и кога ќе биде потребно видео бимот ќе ги вклучува директните моменти од останатите погодоци на другите натпревари кои се играат во исто време. Но, тоа не е се. Навивачите од 15 октомври исто така ќе можат да ги следат резултатите во живо и
додека трае натпреварот, а тоа ќе биде многу важно до крајот на сезоната. Головите веќе навивачите ќе можат да ги гледаат уште на натпреварот со Палермо, кој се игра на Сан Сиро. Доколку има голови на средбата Катанија - Наполи која се игра во исто време, тогаш навивачите ќе можат да ги видат на видео бимот. Со оваа технологија, челниците ќе можат да привлечат многу публика што во овие моменти им е многу потребна на "росонерите".
No comments:
Post a Comment