Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани вели дека Милан во Јануари нема да ангажира напаѓачи. Исто така кажа дека во Јануари ќе се задржат на средниот ред, во кој Милан има премногу проблеми, па затоа во Јануари ќе се ангажира некој играч од средниот ред. Медиумите почнаа да шпекулираат, а судејќи по нивните пишувања, се очекува дека Милан доста ќе се засили. Со Милан се поврзуваа многу играчи од кои повеќето беа напаѓачи, а Адријано Галијани демантира такво нешто. Се чинеше дека Милан ќе ангажира нови напаѓачи во јануарскиот преоден рок, поради тоа што Златан Ибрахимовиќ и Антонио Касано изјавија дека се уморни од фудбалот и дека наскоро ќе се повлечат, но тоа се шпекулации, рече Галијани. Потоа потпретседателот на Милан, Адријано Галијани изјави:
"Новите напаѓачи нема да дојдат во Јануари и со тоа се отпишуваат Марио Балотели и Карлос Тевез. Во Јануари ќе го засилиме средниот ред, со која Масимилиано Алегри има многу проблеми."
Милан веќе одамна е поврзан со некои играчи од средниот ред како што се Кристијан Ериксен, Рикардо Монтоливо и бразилецот Касемиро.
"Лошите моменти на Милан започнаа уште од летото, за време на подготовките кога ние бевме сконцентрирани само на Суперкупот и тоа и го направивме со победата над Интер со 2:1, а оттогаш не следи проклетство од лоши резултати и многу повреди." - вели Адријано Галијани.
Галијани вели дека зборувал со напаѓачот на "росонерите", Златан Ибрахимовиќ.
"Немам проблем со него. Јас зборував со него и тој ми рече дека нема никаков сериозен проблем."
No comments:
Post a Comment