Friday, October 14, 2011

Масимилиано Алегри: Утре одиме на победа

Тренерот на Милан, Масимилиано Алегри изјави дека неговиот тим ќе брка задолжителни три бода во натпреварот против Палермо. Потоа Масимилиано Алегри изјави:
"Палермо е организиран, агресивен тим, кој игра многу добро. Натпреварот е многу важен за нас. Треба да победиме по секоја цена, бидејќи во моментов имаме само една победа."
Потоа Алегри призна дека неговиот тим игра многу слабо при поразот од Јувентус со 2:0, но и потсети дека "бјанконерите" победија со голови во последните минути од дербито. Алегри го бранеше голманот на италијанскиот шампион, Кристијан Абиати, кој направи почетничка греша при вториот гол на "Старата Дама". Тој повторно изјави:
"Немам проблем со Кристијан Абиати, но минатата сезона се покажа како еден од најдобрите голмани во светот, а оваа сезона е сосема друг Кристијан Абиати на голот на "росонерите". Оваа сезона направи неколку киксови во играта, но јас верувам во него."

No comments:

Post a Comment