Тренерот на Палермо, Девис Мангиа вели дека верува во својот тим и дека може да го победат шампионот на Италија, Милан. Тој вели дека овој натпревар ќе биде многу тежок за нас, но сепак на Сан Сиро одиме на победа.
"Сакам сите играчи да бидат на висина на задачата. Ова е многу тежок натпревар, но и важен за нас и мора да одиграме добро против Милан"
"На Сан Сиро одиме на победа, одиме да ја одиграме нашата игра и да освоиме 3 бода. Милан е многу силен тим со многу силни играчи во тимот"
Тренерот на "сицилијанците" вели дека Миколи е опоравен од повредата, но не е сигурен неговиот настап на овој натпревар.
"Во моментов ништо не знам со која формација ќе играме, но ќе зборувам со моите играчи и ќе оценам што и како треба да правам." - заврши тренерот на "сицилијанците".
No comments:
Post a Comment