Saturday, October 8, 2011
Повредата на Кевин - Принс Боатенг не е сериозна
Денешната повреда на Кевин - Принс Боатенг не е сериозна. Имал мал удар во глуждот. Ударот го добил за време на денешниот тренинг - меч со Примаверата на Милан. Ганскиот репрезентативец влезе во дуел со младиот Иафа - дел од формацијата на Долчети, а потоа тој излезе од игра и го напушти тренингот. Тој ќе има доволно време да се опорави и да влезе во форма, со оглед и тоа дека нема да може да излезе на теренот во следниот натпревар за Милан против Палермо поради црвениот картон кој го доби во Торино против Јувентус минатото коло. Милан ја победи Примаверата со резултат 6:0.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment