Saturday, October 8, 2011

Пипо Инзаги: Заслужувам да играм повеќе

38-годишниот напаѓач на Милан, Пипо Инзаги вели дека е незадоволен од својот статус во тимот на "росонерите" и дека тој заслужува да игра повеќе. Италијанскиот ветеран, минатата сезона му донесе голем придонес за освојување на Скудетото на неговиот тим, поради повреда смета дека тој не треба да биде на клупата, туку дека заслужува да добива повеќе шанса. Потоа Пипо Инзаги изјави:
"Мојата цел е да бидам играч каков што некогаш бев. Јас заслужувам да играм повеќе. Јас не сум научен да живеам без фудбалот, јас сум како дете кое никогаш не се заситува и сака да игра и учи повеќе."
"Играчи кои играат слична игра како мене се Алберто Џилардињо и Алберто Палоски."
Пипо Инзаги ги открива и најсилните дефанзивци со кои се соочил во текот на неговата кариера.
"Алесандро Неста, Паоло Малдини, Чиро Ферара, Иван Кордоба и Валтер Самуел, тоа се едни од најквалитетните и најсилните одбрамбени играчи против кои некогаш сум играл."

No comments:

Post a Comment