Saturday, October 8, 2011

И Арсенал се вклучува во трката за Рикардо Монтоливо

Рикардо Монтоливо не сака да го продолжи договорот со Фиорентина и сака да го напушти клубот. До крајот на сезонава му истекува договорот со Фиорентина, па сака да си замине од Фиренца. Тренерот на Фиорентина, Синиша Михајловиќ нема да ризикува и не сака да го загуби играчот без надоместок во зимскиот трансфер рок и ќе се обиде да заработи на 26-годишниот италијански репрезентативец. Шампионот на Италија, Милан сака да го доведе Рикардо Монтоливо во своите редови и сите клубови што се заинтересирани за овој играч Милан е најблиску да го доведе. Арсен Венгер вели дека во зимскиот трансфер рок ќе испрати голема понуда за играчот на Фиорентина од средниот ред. Синиша Михајловиќ сакал да го продаде за 2,5 милиони евра која е веќе спремна од страна на Милан. Арсен Венгер сака да го ангажира овој играч, бидејќи оваа година има многу проблеми со играчите од средниот ред и неколкумина му заминаа.

No comments:

Post a Comment