Sunday, October 9, 2011

Милан го посакува Леандро Дамиао

"La Gazzetta dello Sport" вели дека Милан ја следи ситуацијата на напаѓачот на Интернасионал, Леандро Дамиао. Бразилецот е еден од најголемите таленти во Бразил, а минатата сезона ги воодушеви сите со своите импресивни натпревари во дресот на Интернасионал. Досега тој постигна 37 погодоци во сите натпреварувања. Порто и Тотенхем исто така се заинтересирани за овој играч, кој има 50-милионска откупна клаузула. Спортскиот директор на Милан, Ариедо Браида наредниот викенд ќе лета за Бразил, за да се сретне со агентот на Леандро Дамиао.

No comments:

Post a Comment