Sunday, October 9, 2011

Златан Ибрахимовиќ во Реал Мадрид?

Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ. "Corriere dello Sport" вели дека Реал Мадрид ќе испрати понуда до Милан за Златан Ибрахимовиќ на зима. Во 2008-2009 година Швеѓанецот играше за Интер под водство на Жозе Мурињо, а потоа замина во Барселона. Жозе Мурињо не е задоволен од играчите со кои располага во нападот и затоа му рекол на Флорентино Перез да започне преговори со Адријано Галијани, човекот со кој што има долго и големо пријателство, за трансфер на Швеѓанецот во тимот на "кралевите".

No comments:

Post a Comment