Иако на програмата е само третото коло од фазата по групи, тренерот на Милан, Масимилиано Алегри веќе размислува за првото место во Групата Х.
На Сан Сиро вечерва гостува шампионот на Белорусија, Бате Борисов. Стратегот бара од своите фудбалери да не го потценат противникот и да освојат три бода.
"Првото место во групата, покрај тоа што ви носи задоволство и гордост, ви обезбедува дуел со второпласиран тим во осмина-финалето." - вели тренерот на Милан, Масимилиано Алегри.
"За да го освоиме првото место, најпрво ни треба победа на средбата со Бате Борисов, а потоа ќе мислиме на преостанатите натпревари."
Тренерот на Милан, Масимилиано Алегри потоа додаде: "Бате Борисов е одлично организирана екипа и одлично се брани. Имаат млад тим кој знае како да постигне погодок преку брзи контра-напади."
"Матеја Кежман е одличен фудбалер и е клучен играч за нив. Нема да ги потцениме."
No comments:
Post a Comment