Wednesday, November 9, 2011

Адриан Муту, последен кандидат на листата на Милан

Адријано Галијани вели дека тој што ќе го замени Антонио Касано ќе дојде како позајмен играч во Милан, но и ќе има право да настапи во Лигата на Шампионите. Беа спомнувани неколку имиња, како Алесандро Дел Пиеро, Фабио Кваљарела, Макси Лопез, Лукас Подолски, а како последен на листата е романецот Адриан Муту.

Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани изјави:
"Ако во јануари дојде напаѓач, тоа ќе биде само на позајмица, а во јуни ќе биде откупен. Потребен ни е играч кој ќе може да настапи во Лигата на Шампионите. Минатата сезона доведовме играчи кои веќе настапуваа во Европа, па не сакаме да ја повториме истата грешка."

Италијанските медиуми велат дека поранешниот играч на Фиорентина, Адриан Муту би било одлично решение за нападот на Милан.

No comments:

Post a Comment