Tuesday, October 18, 2011

Николас Анелка од Јануари во Милан?

Напаѓачот на Челзи, Николас Анелка е трансфер цел на италијанскиот шампион, Милан. Договорот на 32-годишниот французин истекува на крајот на оваа сезона и речиси сигурно нема да биде обновен. Прашањето е дали Николас Анелка ќе си замине на зима или на лето.

Англиските медиуми веќе дознаа дека Милан е заинтересиран за напаѓачот на Челзи, Николас Анелка. За него се заинтересирани и многу други клубови. Станува збор за турски, американски и руски клубови.

"Calciomercato" вели дека "росонерите" бараат алтернатива на Златан Ибрахимовиќ. Оваа сезона росонерите имаа многу проблеми со повредите на играчите, а сега ќе пробаат да го ангажираат Николас Анелка. Италијанскиот сајт вели дека Николас Анелка сеуште е играч на Апенините. Тој досега се натпреварувал за својата татковина, како и во Англија, Шпанија и Турција.

No comments:

Post a Comment