Легендарниот капитен на Милан, Франко Барези го коментираше претстојниот дуел на росонерите со Барселона во рамките на Лигата на Шампионите. Двата тима одиграа 2:2 на Камп Ноу во натпревар од стартот на натпреварувањето па сега ги очекува реванш натпреварот кој ќе се игра на Сан Сиро во Милано.
Според Барези, тимот на Масимилиано Алегри заостанува по квалитет зад европскиот клубски шампион, но сепак тоа не е причина да се кренат рацете, напротив покрај тоа може да се оди на победа.
"Барселона во овој момент е посилен тим и е можеби најтешкиот противник. Натпреварот ќе биде интересен. Сигурен сум дека атмосферата на Сан Сиро ќе биде фантастична." - вели Франко Барези.
"Фиорентина? Ова гостување нема да биде лесно, но треба да сме сконцентрирани и да ги освоиме трите бода. Серија А е важно натпреварување, а бодовите ни се повеќе од потребни." - заврши легендарниот капитен на Милан, Франко Барези.
No comments:
Post a Comment