Wednesday, November 16, 2011

Аквилани со сигурност ќе биде купен

Играчот за врска на Ливерпул, Алберто Аквилани, кој во моментов е на позајмица во Милан, речиси сигурно ќе биде купен, заради лесната клаузула во договорот помеѓу двата тима.

Аквилани веќе одигра 13 натпревари во дресот на Милан и сака да биде со Италија на Европско Првенство 2012. Агентот на Аквилани изјави дека неговиот клиент 99% ќе остане на Сан Сиро.

"Можеме да кажеме со речиси целосна сигурност дека Алберто Аквилани ќе биде откупен од Милан. Клаузула за купување и договорот меѓу нив и Ливерпул е лесна. Аквилани игра одлично оваа сезона."

Според извори, Милан ќе мора да плати 9 милиони евра. Цената на Аквилани во август ќе биде поголема - 15 милиони евра, но Ливерпул ја смалил цената. Ова лето тој веднаш ја прифати понудата на Милан, откако имаше кратка и не многу успешна авантура во Јувентус, а во Ливерпул немаше место за него. Милан ќе плати 9 милиони евра кога тој ќе одигра 25 натпревари во дресот на росонерите, што значи речиси уште толку средби, колку што има досега.

No comments:

Post a Comment