Tuesday, October 11, 2011

Милан го доведува Мехди Бенатиа?

Октомври е и се разбира дека е рано за зборување за трансферите, но Milannews.it вели дека Милан пројавува интерес за стоперот на Удинезе, Мехди Бенатиа за кој во летото веќе испратија понуда до него, која беше одбиена. Италијанскиот сајт за Милан, пренесува дека Ариедо Браида и Адријано Галијани се многу вљубени во играта на младиот дефанзивец и се спремни да одвојат 12 милиони евра за него. Мехди Бенатиа, минатата сезона беше прогласен за најдобар дефанзивец во Серија А. За овој играч беше заинтересиран и Јувентус и "бјанконерите" испратија понуда до Удинезе за Мехди Бенатиа, но понудата беше одбиена. "La Gazetta dello Sport" сеуште вели дека Барселона не се откажува од Тиаго Силва и дека испратила понуда вредна 40 милиони евра. Но, се чини дека Милан нема намера да ги продава своите најдобри играчи, па сака што побрзо да го ангажира Мехди Бенатиа и тој да му биде новиот партнер на Тиаго Силва од јуни. Исто така Милан е заинтересиран и за младите бразилци Касемиро и Леандро Дамиао, како и играчите кои играат во холандската лига, Кристијан Ериксен и Николај Михајлов.

No comments:

Post a Comment