Иднината на Рикардо Монтоливо останува мистерија за сите. Пред неколку дена италијанските медиуми велеа дека Милан и Фиорентина ќе прават размена, Стефан Ел Шарави - Рикардо Монтоливо. Потоа агентот на Стефан Ел Шарави изјави:
"Не знам ништо, прочитав за нешто вакво во весниците, но ми изгледа чудно "росонерите" да се откажат од услугите на фудбалер, за кој имаат инвестирано толку многу средства. Нема да дозволам тој да си замине од Милан во последните 6 месеци, бидејќи нашиот план е тој да игра и да стане голем фудбалер на Милан."
No comments:
Post a Comment