Wednesday, October 5, 2011

Звонимир Бобан: Милан згреши со Андреа Пирло

Поранешниот играч на Милан, Звонимир Бобан кажа дека раководството на "росонерите" направи голема грешка што му дозволи на Андреа Пирло да го напушти клубот. Андреа Пирло одлучи да ја продолжи кариерата во Јувентус, додека пак "бјанконерите" му понудија договор за три години, а Адријано Галијани немал желба за обнова на договорот на играчот за толку долг период. Потоа Хрватот, Звонимир Бобан изјави:
"Беше многу глупава грешка од страна на Милан што го пуштија Андреа Пирло во Јувентус. Гледате сега што прави Андреа Пирло во првите натпревари во дресот на Јувентус? Јасно е дека тој имаше што да му понуди на Милан. Пред извесно време "росонерите" ги доведуваа само најдобрите фудбалери во светот, а сега во овој клуб се интересираат само за сметки, буџети и ефтини играчи."

No comments:

Post a Comment