Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ вели дека полека, полека ја губи желбата да игра фудбал. Пред неколку дена тој изјави дека најмногу за две сезони ќе се откаже од фудбалот. Денеска, Швеѓанецот уште еднаш истакна дека веќе не ужива во фудбалската игра и дека ја загубил некогашната страст кон фудбалот. Најмногу за две години, Златан Ибрахимовиќ ќе стави крај на неговата кариера. Потоа Швеѓанецот, Златан Ибрахимовиќ изјави:
"Страста кон фудбалот веќе не гори во мене како што тоа беше случај некогаш. Играњето фудбал се повеќе ми стануваше секојдневна рутина. Порано по тренингот редовно останував на теренот, затоа што секогаш имаше нешто на што сакав да работам, но сега веќе не е така. Сега сакам само да се вратам дома. Почнувам да се заморувам од фудбалот и веќе не сум мотивиран како порано. Кога бев помлад фудбалот беше единственото нешто кое мислев, но сега не е така."
No comments:
Post a Comment