Tuesday, October 4, 2011
Сами Кедира во Милан?
Медиумите во Шпанија велат дека Рикардо Кака се враќа во Милан, додека пак во Италија велат дека во следниот преоден рок Сами Кедира ќе се пресели во Милан. Медиумите во Шпанија и Италија шпекулираат дека следниот трансфер период во Јануари, Милан и Реал Мадрид ќе направат голема зделка. Шампионот на Италија, Милан не е во посакуваната форма оваа сезона, а една од причините е слабата игра на средниот ред. Спортскиот директор на Милан, Ариедо Браида викендов допатувал во Барселона каде во живо ја проследил победата на Реал Мадрид на гостувањето кај Еспањол. Италијанските медиуми велат дека Рикардо Кака нема шанси да го напушти Реал Мадрид, па спортскиот директор на Милан следел друг фудбалер. Шпекулациите од Италија велат дека Милан е спремен да купи нови засилувања од средниот ред, каде што имаат многу проблеми. Милан го следи Сами Кедира кој е повторно повикан за својата репрезентација - Германија.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment