Wednesday, October 5, 2011

Џанлука Замброта: Повторно ќе се вратиме на врвот на табелата

Искусниот лев бек на Милан, Џанлука Замброта изјави дека актуелниот шампион ќе се опорави од поразот од Јувентус и дека ќе се врати на врвот на табелата во Серија А. Тој верува во својот тим. Потоа Џанлука Замброта изјави:
"Поразот од Јувентус не ни значи ништо. Сезоната сега почна. Има многу да се игра. Ние сме 15 на табелата со 5 бода, но 1 и 2 на табелата се Јувентус и Удинезе кои ни бегаат со 6 бода. 6 бода разлика не е ништо, а за да се вратиме на врвот на табелата потребни ни се 3-4 победи во низа. Натпреварот против Јувентус беше еден од најлошите натпревари кои сме ги одиграле во последно време. Сега ни следува 1 Недела одмор и дека добро ќе се одмориме од напорните натпревари. Следното коло кое го играме на Сан Сиро против Палермо, се враќаат Игназио Абате, Филип Мексес и Робињо. Имавме многу лош распоред. Исто така имавме и многу повредени играчи, од прилика 15. Неколкумина се вратија на терените. Еве ја и листата на играчи кои беа повредени, а се вратија на терените. Тоа се:
-Таје Таиво
-Игназио Абате
-Филип Мексес
-Масимо Амброзини
-Кевин - Принс Боатенг
-Робињо
-Златан Ибрахимовиќ
-Пипо Инзаги

No comments:

Post a Comment