Синот на претседателот на Удинезе, му стави јасно до знаење на Милан дека нивниот голман, Самир Хандановиќ нема да се приклучи на "росонерите" во јануарскиот преоден рок. Самир Хандановиќ уште од минатата сезона размислува да си замине од Удинезе и да се пресели во некој појак тим, за разлика од неговите години. Милан и Интер беа заинтересирани да го доведат во своите редови. Барем, сега засега така вели раководството на Удинезе.
"Нашиот голман, Самир Хандановиќ ја прави разликата во тимот и како по обичај ние нема да продаваме играчи во Јануари, уште помалку не размислуваме да го продадеме нашиот супер голман." - вели Поцо.
No comments:
Post a Comment