Повеќето луѓе велат дека Милан нема доволно добри фудбалери во составот за освојување на Лигата на Шампионите. Има други тимови кои имаат поквалитетни играчи. Сепак, ѕвездата на "росонерите", Робињо мисли сосема поинаку.
Тој призна дека конкуренцијата во Италија и Европа е сериозна, но оваа година целта на Милан е да го одбранат Скудетото и да ја освојат Лигата на Шампионите и се спремни да направат се, колку и да е тешко тоа.
"Има многу тимови во Италија, кои неможе да се победат така лесно, но ако приоѓаме со почит кон ривали и играме како минатата сезона, нема кој да не запре кон патот за титулата. Не знам дали сме посилни од лани, но сигурно сме многу силни.
"Ова е само почеток на сезоната. Има уште многу натпревари да се одиграат и треба да покажуваме игра како против Палермо. Гледајќи колку квалитетни фудбалери имаме, мислам дека можеме повторно да го освоиме Скудетото и Лигата на Шампионите. Знам дека ќе биде многу тешко, но сонот ни е да освоиме се." - вели бразилецот.
No comments:
Post a Comment